Бајрами: Се надевам дека во најскоро време ќе бидат откриен(и) сторителот или сторителите на настанот
- Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот. Приватното возило е целосно оштетено.
Куманово, 2 декември 2024 (МИА) - Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот. Приватното возило е целосно оштетено.
- Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. Дојдена е противпожарната единица, припадници на полицијата. Изгаснат е пожарот, ништо не остана од возилото. На самото место излезе и дежурниот јавен обвинител, зедоа материјални докази за расветлување на настанот. Очекувам и се надевам дека брзо ќе се најдат сторителот или сторителите на оваа дело. Приватно е возилото, паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата нема други штета, возилото целосно опожарено очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот, изјави Бајрами.
Претходно ЈОРСМ информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија.
- Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор, велат од обвинителството.
Од СВР Куманово информираа дека во 03.20 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово. Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М. Ш, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека е увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Претходно, советникот од ДУИ во советот на општина Куманово, Фитор Јакупи на социјалните мрежи објави фотографии од опожарениот деловен објект од неговата фотокопирница. ам/цр/
Фото: МИА архива