• петок, 05 декември 2025

Бајовски: Повикувам на поддршка, за Чучер Сандево, конечно, да стане модерна и достојна општина за живот за сите граѓани

Бајовски: Повикувам на поддршка, за Чучер Сандево, конечно, да стане модерна и достојна општина за живот за сите граѓани

Скопје, 27 јули 2025

Овој предизвик како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го прифатив, бидејќи за прв пат Владата на Република Македонија, предводена од Христијан Мицкоски максимално се посвети во инвестирање во единиците на локална самоуправа, односно општините, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Парите се рамномерно распоредени по сите општини, без разлика од која политичка партија доаѓаат, дали се од власта или од опозицијата.

Во Чучер Сандево, Владата со изминатиот повик додели два капитални проекти. Едниот во вредност од околу 44 милиони денари за пречистителна станица Кучевачка Бара, а вториот е за изградба на културен дом Сандево во вредност од 31 милион и 500 илјади денари. Вкупна сума околу милион и 230 илјади евра се одвоени од Владата на Република Македонија за Чучер Сандево.

Но, морам да напоменам дека првиот повик го пропушти Општина Чучер Сандево. Не знаеме од кои причини. Затоа во иднина треба да се соработува на многу повисоко ново, на многу подобро ниво како со централната власт, но и со Градот Скопје во делот на меѓу општински соработки.

Бидејќи ние како општина ги користиме услугите на јавниот превоз од Град Скопје, ги користиме другите услуги од Град Скопје и треба да имаме соработка и со нив.

Затоа, ве повикувам сите да го поддржите кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно Чучер Сандево да стане модерна општина, која што ќе биде достојна за живот за сите граѓани на општина Чучер Сандево.

Зоран Бајовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Чучер Сандево, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан