• петок, 22 ноември 2024

Бајден и Трамп победија на првичните избори во Канзас, Охајо, Аризона и Илиноис

Бајден и Трамп победија на првичните избори во Канзас, Охајо, Аризона и Илиноис

Вашингтон, 20 март 2024 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, и поранешниот претседател, Доналд Трамп, победија на првичните избори што синоќа завршија во  Канзас, Охајо, Аризона и Илиноис.

Трамп, исто така, победи и на републиканските првични избори во Флорида.

Бајден во Флорида победи без гласање бидејќи Демократската партија одлучи да не одржува избори и му ги врачи сите 224 делегати од оваа сојузна држава.

Кампањата за избор на претседател на САД е во полн ек. Во неа, Бајден и Трамп се повикуваат на своите успеси за време на нивното шефување во Белата куќа, и еден со друг се обвинуваат дека се закана за земјата.

Трамп кој е на 77 годишна возрат, изјава дека 81 годишниот Бајден не е подобен да биде претседател поради своите интелектуални способности.

Актуелниот претседател го нарече својот републикански соперник закана за демократијата поради обидите на Трамп да ги укине резултатите од претседателските избори во 2020 година и величење на авторитарните лидери во другите земји. кб/сд/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан