• четврток, 16 мај 2024

Бајден воодушевен од големите мускули на снимател

Бајден воодушевен од големите мускули на снимател

Џакарта, 17 ноември 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ги насмеа новинарите при прошетка со францускиот колега Емануел Макрон за време на самитот на Г20 на Бали.

Бајден, всушност, ги коментираше мускулите на еден снимател. На видеото кое се шири на интернет, не се гледа камерманот, но американскиот претседател го коментира неговиот бицепс... - Овој човек има големи мускули. Се надевам дека сме на иста страна, рече на шега Бајден. На тоа, некој му дофрли дека снимателот е Русин. - Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ние ги нарекуваме пиштоли, рече Бајден, допирајќи ги мускулите на човекот.  си/паг/

Остани поврзан