• четврток, 19 март 2026

Башкими и Брера за старт на 20.коло од ПФЛ

Башкими и Брера за старт на 20.коло од ПФЛ

Куманово, 27.февруари 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши денеска со дуелот меѓу Башкими и Брера ги продолжуваат натпреварите од прволигашката конкуренција. На програмата се дуелите од 20.коло, кои ќе се играат до понеделник. Почетокот на денешниот дуел во Куманово е во 14 часот.

Утре според распоредот се два натпревара кои ќе се играат во Струга и Скопје. Во 12 часот е закажан почетокот на дерби дуелот меѓу Струга и Вардар, додека од 14 часот играат Работнички и Шкупи.

Во недела се играат натпреварите Тиквеш – Силекс (Кавадарци, почеток 12 часот) и Арсими – Македонија ЃП (Гостивар, почеток 14 часот).

Оваа рунда ќе биде комплетирана со натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер што се игра во понеделник во Тетово со почеток во 14 часот. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан