Бачовски: Во Пробиштип се реализираат три проекти вредни вкупно 52 милиона денари
- Во Пробиштип се инвестираат 52 милиона денари во проекти од областа на турзимот и културата преку Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој. Директорот на Агенцијата, Ни
Штип, 2 Февруари 2021 (МИА) - Во Пробиштип се инвестираат 52 милиона денари во проекти од областа на турзимот и културата преку Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски денеска беше во посета на Пробиштип.
-Со овие средства жителите од село Стрмош добија нов квалитетен пат, се реконструира и Спомен паркот на револуцијата кој добива нова димензија. Ова прераснува во место каде младите можат да ги развиваат своите спортски вештини, а повозрасните да се релаксираат и рекреираат, изјави Бачовски.
Општина Пробиштип има добиено и грант од Платежната агенција од 16,4 милиони денари за реконструкција на Домот на културата.
-Средствата од Програмата за рурален развој ги развиваат сите населени места, со што овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја. Со средствата од Програмата за рурален развој низ целата држава се реализираат 200 проекти, во 80 општини, рече Бачовски.
Тој очекува сите проекти кои во моментов се реализираат во Пробиштип со средства од Агенцијата да се завршат во април. Бачовски вели дека Агенцијата има две Програми, од кои едната е токму оваа, преку која општините, младите фармери и жените кои се занимаваат со земјоделство и сточарство можат да аплицираат и да добијат средства.. Оценува дека е доста добар степенот на искористеност на средтвата преку оваа програма, до крајот на минатата година имале реализирано од седум до осум милиони евра. Сите проекти кои се реализираат ќе бидат навремено исплатени.
-Проблематични проекти нема, нормално динамиката изведувачите е секаде различна. Живееме и во време кога пандемијата си го направи своето. Меѓутоа јас сум задоволен и таму каде што одам гледам дека динамиката на изведба е добра, вели Бачовски.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека повеќе од 70 % од проектот за реконструкција и изградба на нови содржини во Спомен паркот на револцијата „Братско и единство“ се завршени.
-Реализацијата оди одлично и за многу кратко време ќе имаме реконструиран Спомен парк во Општина Пробиштип, вели Анастасов.
Очекува спомен паркот да биде пуштен во употреба на 3 април, а во него има содржини за младите, но и за повозрасните жители. Целосно е завршен проектот за изградба на локален пат до село Стрмош, а наскоро очекува да заврши и реконструкцијата на Домот на културата, односно на кино салата во Пробиштип. вдј/мч/