• петок, 02 август 2024

Бах: Треба да се подобрат научните методи во врска со тестирањето на спортистите

Бах: Треба да се подобрат научните методи во врска со тестирањето на спортистите

Париз, 2 август 2024 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах се согласува со потребата да се подобрат научните методи во однос на проценката на состојбата на спортистите со карактеристики како што се покачени нивоа на тестостерон кај жените. Ова го изјавил по средбата со италијанската премиерка Џорџија Мелони, со која разговарал за боксерскиот меч меѓу Анџела Карини и Имане Келиф (Алжир).

-Се договоривме со Мелони да останеме во контакт за да ја подобриме научната основа за да добиеме поголема јасност во такви ситуации, бидејќи Хелиф е жена и се натпреварува на меѓународно ниво веќе шест години. Го делиме мислењето дека е потребно разјаснување и подобрување на научна база, рече Бах.

Во четвртокот, Италијанката Карини одби да ја продолжи борбата со Имане Келиф, која падна на тестот за родов идентитет, во осминафиналето на Олимпискиот турнир во Париз. Борбата заврши за 46 секунди, а Келиф беше прогласена за победник. 

Келиф и претставникот на Тајван, Ју-Тинг Лин, кои беа дисквалификувани од Светското првенство во 2023 година поради неуспехот на половите тестови, добија дозвола да учествуваат на Олимпијадата во Париз. Келиф и Лин се натпреваруваа на последната Олимпијада во Токио. На Келиф и беше забрането да се натпреварува на Светското првенство во 2023 година во категоријата до 66 килограми, а на Лин и беше одземена бронзата во категоријата до 57 килограми. дс

Фото: Архива

Остани поврзан