• недела, 22 декември 2024

Барселона мора да плати половина милион евра поради лажна пријава

Барселона мора да плати половина милион евра поради лажна пријава

Лозана, 19 октомври 2024 (МИА) - Барселона ќе мора да плати казна од 500.000 евра, откако беше одбиена уште една жалба против пресудата на Европската фудбалска централа (УЕФА) дека „намерно и свесно“ погрешно ги пријавила приходите во обид да се усогласат со финансиските правила во Европа.

Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана ја отфрли жалбата на Барселона и, во многу критичката одлука објавена во петокот, рече дека казната од 500.000 евра е „всушност сосема мала“.

Случајот произлегува од начинот на кој Барселона постапувала со финансиските извештаи во однос на договорот за продажба на процент од своите права за емитување во следните 25 години. УЕФА соопшти дека извештајот е „неточен и неконзистентен“ со нејзините правила, кои имаат за цел да обезбедат одговорно трошење на европските фудбалски клубови.

Во 2022 година, Барселона обезбеди договори во вредност од 667,5 милиони евра за да продаде 25 отсто од својата идна заработка од емитувањето на шпанската фудбалска лига во следните 25 години.

УЕФА соопшти дека клубот потоа намерно погрешно пријавил еден од тие договори во своите финансиски извештаи и „ги преценил рентабилните резултати за 267 милиони евра“.

Од централата соопштија дека Барселона „намерно и свесно“ дала погрешни информации и дека однесувањето на клубот мора да се осуди „на најјасен начин“.

Според правилата на УЕФА, на клубовите им се дозволени одредени загуби во период од три години.

Продажбата на нематеријални средства, како што се идните заработки од правата за емитување, не е дозволено да се вклучат во пресметките на профитабилноста, а Барселона минатата година беше казнета со 500.000 евра за пријавување на добивки кои не биле релевантни.

Барселона, откако ја загуби жалбата до УЕФА, поднесе жалба до КАС, кој рече дека казната е непропорционална.

Од Судот ја потврдија казната затоа што помала парична казна „веројатно нема да биде доволно силно одвраќање за да се спречи голем клуб како што е Барселона лажно да пријави приход, што значително ќе влијае на рентабилните резултати на клубот“.

Барселона во последните години имаше големи финансиски проблеми, поради што мораше да ја продаде својата најголема ѕвезда, Лионел Меси во 2021 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан