Барселона е подготвена да ја плати откупната клаузула на Нико Вилијамс
- Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека Каталонците се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, објавија шпанските медиуми во петокот.
Барселона, 27 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека Каталонците се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, објавија шпанските медиуми во петокот.
Управата на баскискиот клуб ги информираше Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) за потребата од ревизија на сите финансиски трансакции на Барса.
-Секој нека прави што мисли дека е исправно. Ние си ја работиме нашата работа, ги користиме можностите на трансфер пазарот, следејќи ги препораките на нашиот спортски директор и главен тренер. Немам што повеќе да додадам. Нека Атлетик дејствува по своја дискреција. Ние го почитуваме нивниот став и се надевам дека и тие ќе го почитуваат нашиот. Доколку се појави можност поврзана со плаќањето на откупните клаузули, ние сме подготвени да направиме сè што е потребно, рече претседателот на каталонскиот клуб, цитиран од весникот „Марка“. дс
Фото: Архива