• сабота, 23 ноември 2024

Баросо е новиот претседател на клучната коалиција против коронавирусот

Баросо е новиот претседател на клучната коалиција против коронавирусот
Њујорк, 1 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо е назначен за претседател на Сојузот Гави, кој го надгледува системот за глобален пристап до вакцината против коронавирусот под покровителство на Обединетите нации. Управниот одбор на Гави, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврдија изборот на поранешниот португалски премиер, кој десет години беше на чело на Европската комисија, а потоа работеше во инвестициската банка Голдман Сакс. - На светот му треба Гави повеќе од било кога и да гарантира дека вакцината против Ковид-19 ќе стигне до сите земји, богати и сиромашни, и за продолжување на главната мисија, да заштити милиони луѓе од болести што можат да се избегнат, рече Баросо. Ова јавно приватно партнерство е основано во 2000 година за да се обезбеди пристап до вакцините во сиромашните земји. Од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, организацијата со седиште во Женева СЗО ја задолжи да го координира системот на ОН за глобален пристап до вакцина против Ковид-19, наречен Ковакс. Поранешниот португалски премиер ќе ја наследи Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала, која сега е кандидатка за директор на Светската трговска организација, а нејзиниот мандат во претседателството на Гави завршува на крајот на декември. јт/

Остани поврзан