• среда, 26 јуни 2024

Баркли: Меџик и Бирд се двете најважни личности во историјата на НБА

Баркли: Меџик и Бирд се двете најважни личности во историјата на НБА
Вашингтон, 10 март 2021 (МИА) – Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли изјави дека Меџик Џонсон и Лaри Бирд го сменија текот на лигата кога се појавија во 1979 година. - Меџик Џонсон и Лери Бирд се двајцата најважни луѓе во историјата на НБА. Да не беа овие момци, НБА немаше да биде она што е денес, изјави Баркли. Тој не го заборави ниту Мајкл Џордан. - Секако, Мајкл ја подигна лигата на следното ниво, но јас сум доволно стар за да се сетам на времетп пред Меџик и Лери да дојдат во НБА. Лигата беше премногу црна, имаше премногу наркотици, не беше профитабилна. Значи, кога станува збор за тоа кој ја создал лигата, тоа беа Лари Бирд и Меџик Џонсон. И, сакав да направам нешто специјално за Меџик затоа што она што тој и Лари го направија за лигата е без зборови. Ви благодарам, не е доволно. Ги сакам и Леброн, Коби, Тим Данкан, Патрик Јуинг и сите други момци, но двете најважни личности се Меџик и Бирд, потенцира уште еднаш Баркли во ТВ шоуто на Џими Кимел. Меџик Џонсон е легендарен играч на Лос Анџелес лејкерс од 80-те, додека Лари Бирд е негов современик и „икона“ на Бостон селтикс. зс/

Остани поврзан