• петок, 22 ноември 2024

Барбика во чест на британската кралица и платинестиот јубилеј

Барбика во чест на британската кралица и платинестиот јубилеј
Лондон, 21 април 2022 (МИА) - Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ќе ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик. Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба. Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко - кралот Џорџ Шести, а бледо сината - онаа од нејзиниот дедо - Џорџ Петти. Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани во чест на „визионерите со извонредно влијание и наследство во општеството“. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.  си/

Остани поврзан