• сабота, 27 април 2024

Балканскиот институт за вера и култура организира серија предавања насловени „Биднина“

Балканскиот институт за вера и култура организира серија предавања насловени „Биднина“

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Во организација на Балканскиот институт за вера и култура вечер започнува серија јавни предавања под името „Биднина“. Од институтот информираат дека идејата и целта на оваа серија е во контекст на геополитичката и воената криза од светски размери.

- Имајќи ја предвид тековната состојба во светот, еден свет е на заминување, а новиот сѐ уште не пристигнал, и како таа влијае врз Македонија и врз регионот, БИВК остварува соработка со предавачи од разни академски и професионални сфери. Соодветно со нивното релевантно лично и професионално искуство, предавачите на научен, на креативен и на оригинален начин ќе понудат свои видувања и толкувања на оваа состојба, информираат од БИВК.

Првото предавање ќе го одржи Олимпија Христова-Заевска докторанд по меѓународен бизнис на Школата за бизнис од Копенхаген и основач на консултантска компанија и ќе говори на темата „Како да се биде општествено одговорна компанија со трансформативно и позитивно влијание?“.сх/лв/

ФОТО: БИВК - фејсбук

Остани поврзан