• четврток, 25 април 2024

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци - Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.бт/мд/

Фото: Национална опера и балет

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан