• петок, 05 декември 2025

Балак: Бундеслигата е инфериорна во однос на Премиер лигата многу години, Вирц немаше смисла да се пресели во Баерн

Балак: Бундеслигата е инфериорна во однос на Премиер лигата многу години, Вирц немаше смисла да се пресели во Баерн

Берлин, 11 септември 2025 (МИА) - Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Михаел Балак, го коментираше трансферот на играчот од средниот ред Флоријан Вирц од Баер во Ливерпул, и покрај интересот од Баерн.

- Трансфер во Баерн не би имал смисла за Вирц. Дали Бундеслигата е сè уште предизвик за него на највисоко ниво? Не, бидејќи Бундеслигата е инфериорна во однос на англиската Премиер лига со години. Тоа е реалноста. Затоа германското првенство генерално повеќе не е привлечно за играчи од највисоко ниво, изјави Балак за „Билд“.

Во јуни, 22-годишниот Вирц се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул за 116 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Договорот е потпишан до 2030 година.

Вирц играше за Баер од 2020 година. Минатата сезона одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 15 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан