• петок, 20 декември 2024

Бакнувањето и сексот како лек

Бакнувањето и сексот како лек
Лос Анџелес, 14 јули 2020 (МИА) - Бакнежот нема да стопи толку калории колку вежбањето, но може да го зајакне и забрза метаболизмот дури до двапати, сметаат стручните лица. - При мирување, повеќето луѓе согоруваат околу една калорија во минута. Но, кога тие се бакнуваат, се топат две до три калории во минута, тврди д-р Шерон Стилс. Американската терапевтка, која има и свој блог, вели и дека честиот секс е полезен за срцето и за самодовербата. Професорката по биологија, Дон Маслар пак, појаснува дека кога мажите и жените се бакнуваат, го произведуваат хормонот окситоцин. - Тој се нарекува уште и љубовен хормон затоа што овозможува посилни врски меѓу партнерите... Но, разменувањето плунка може да помогне и во борбата против вируси, особено ако бакнежот води кон секс, вели таа. Истражување на Универзитетот Вилкс, објавено во списанието „Медикал хајпотезис“, покажува дека жената развива имунитет против цитомегаловирус ако тој што таа го бакнува е заразен. Трудот открива и дека субјектите кои имаат секс најмалку двапати неделно развиле повисоко ниво на имуноглобулински антитела кои помагаат во борбата против инфекции. Натаму, хормонот на среќа, како што е познато, се нарекува ендорфин. Со бакнувањето, неговото ниво се зголемува во организмот. Тоа пак, меѓу другото, го намалува холестеролот. „Нашите хипотези говорат дека почестите нежности меѓу две лица имаат ефект врз подобрување на психофизичката состојба предизвикана од стресот, но и врз холестеролот. Овој шестнеделен експеримент врз група испитаници покажа подобрување не само во нивното полесно управување со стресот, туку тие беа и позадоволни од врската, но имаа и понизок холестерол“, гласи заклучок на испитувањето. Бакнувањето, како што се посочува, го намалува нивото на кортизол - хормонот на стрес кој има негативен ефект врз имунолошкиот систем, ендокриниот систем и здравјето на мозокот, особено во пределот на хипокампусот. - Во „Кама сутра“ има повеќе од 30 видови бакнежи. Бакнежот е важен начин на изразување и различните техники покажуваат дека спаѓа во сферата на креативноста. Затоа забавата е дел од тоа искуство, а забавата е одлична алатка за среќа, смета Џина Клауд, активистка за женски права.  си/сд/

Остани поврзан