• понеделник, 13 мај 2024

Базар на етичка и одржливa мода во Јавна соба

Базар на етичка и одржливa мода во Јавна соба

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - Базар на етичка и одржливa мода насловен како „Fair Fashion“ ќе се одржи денеска во Јавна соба. На базарот, на кој ќе има повеќе од 20 изложувачи, ќе се нуди рачно дизајнирана, но и „ second hand“ облека, како и рачно изработени накит и модни додатоци.

Сите посетители ќе може да уживаат во пазарењето на сосема поинаков начин, а воедно и одблизу да ги запознаат малите производители, дизајнери, занаетчии и трговци, и секако да ги поддржат нивниот труд и нивната работа, одбирајќи уникатни производи за себе или за некоја блиска личност.

Организаторите на „Fair Fashion“ сакаат уште еднаш да ги потсетат граѓаните за последиците на брзата мода и како тие со својот избор можат позитивно да влијаат за помало загадување и помалку експлоатација на трудот (особено кај жените) во светот.

Базарот ќе биде отворен за посетителите од 11 до 16 часот, a влезот за посетителите е бесплатен. дма/лв/

Фото: Плакат

Остани поврзан