• петок, 20 декември 2024

Баерн ќе ја зголеми понудата на Ливерпул за Мане на 35 милиони евра

Баерн ќе ја зголеми понудата на Ливерпул за Мане на 35 милиони евра
Минхен, 7 јуни 2022 (МИА) - Баерн има намера да ја подобри понудата до Ливерпул за напаѓачот Садио Мане во следната рунда преговори, објави „Sky Sport Deutschland“. Според изворот, клубот од Минхен ќе ја зголеми понудената сума за 30-годишниот Сенегалец на 30-35 милиони евра. Претходно беше објавено дека Ливерпул одбил да го продаде напаѓачот за 27 милиони евра. Минатата сезона Мане постигна 23 гола и имаше пет асистенции на 50 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан