Баерн прави се што може за да го привлече Флоријан Вирц
- Баерн Минхен прави се што може за да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ова лето, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. Во моментов се водат конкретни преговори со 21-годишниот германски репрезентативец.

Минхен, 8 март 2025 (МИА) - Баерн Минхен прави се што може за да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ова лето, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. Во моментов се водат конкретни преговори со 21-годишниот германски репрезентативец.
Се проценува дека „аспирините“ ќе бараат нешто над 100 милиони евра за правата на офанзивниот играч за врска, но парите не се проблем за Баварците. На „Алијанц Арена“ ќе му обезбедат буџет на Вирц со заштеда од продажба и плата. Сепак, Леверкузен продолжува да се надева дека ќе го задржи својот најдобар играч барем уште една сезона. Германскиот шампион дури сака да го обнови договорот со Вирц, но во моментов се уште нема договор меѓу двете страни.
Баерн е подготвен да се раздели со најмалку тројца свои играчи - Матис Тел, Кингсли Коман и Леон Горецка. Покрај тоа, се очекува да замине и Ерик Даер, кому му истекува договорот. Лерој Сане би можел да потпише нов договор, но со значително намалена плата. Иднината на Томас Мулер е исто така нејасна.
Актуелниот договор на Флоријан Вирц со Леверкузен е до летото 2027 година. Оваа сезона има 38 натпревари на кои постигна 15 голови и 13 асистенции. дс
Фото: Архива