Баерн подготвен да го продаде Тијаго на Ливерпул
- Раководството на Баерн се согласи да го продаде играчот од средниот ред Тијаго Алкантара, објави новинарот Николо Скира.

Минхен, 17 јули 2020 (МИА) – Раководството на Баерн се согласи да го продаде играчот од средниот ред Тијаго Алкантара, објави новинарот Николо Скира.
Според него, минхенскиот клуб решил да не го загуби бесплатно 29-годишниот Шпанец следната година поради тоа што му истекува договорот и ќе стане слободен играч.
Се соопштува дека Ливерпул веќе ги договорил личните услови со фудбалерот и работи на тоа да ги усогласи условите со Баварците.
Во сезоната 2019/20, Алкантара одигра 36 натпревари за Баерн, има три гола и две асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Шпанецот на 48 милиони евра. зс/