• недела, 22 декември 2024

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата
Скопје, 19 мај 2020 (МИА) - Од денеска, па се до 15 јуни, сите кои имаат рибници и во нив одгледуваат риби или порибителен материјал ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура, информираат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР). За добивање пари може да конкурираат сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците. - Средствата од оваа мерка се исплаќаат скалесто и тоа: за купен или сопствен подмладок до 2.500 килограми - 100 проценти од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок од 2.500 до 5.000 килограми - 75 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок од 5.000 до 7500 килограми - 50 проценти од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок над 7.500 - 25 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот, велат од АФПЗРР. Оттаму објаснуваат дека корисници на мерката финансиска поддршка за порибителен материјал, се сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. - За добивање на средства за набавен подмладок, корисници може да бидат сите субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година, велат од АФПЗРР. Од Агенцијата појаснуваат дека можност за добивање на финансиска поддршка им се дава и на  сите кои имаат риболовни води под концесија и во периодот од 1 ноември  2019 до 20 март годинава, направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен  мрест утврден во риболовната основа и имаат донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека до 30.000 денари максимална поддршка по корисник ќе добијат оние апликанти кои имаат направено  заштита на риболовните ревири и рекреативни зони. - Сите кои направиле заштита на риболобвните зони пак ќе може добијат максимална поддршка до 150.000 денари по корисник. Додека сите кои имаат направено заштита на риболовните подрачја можат да добијат максимална поддршка до 400.000 денари по корисник, вели тој. Бабовски, појаснува дека со овие средства апликантите ќе можат да ги подмират трошоците  за исплатена бруто плата на рибочуварите, да ги платат трошоците за гориво за пловните објекти  или возилата кои се дадени на користење на  концесионерот. Корисници на поддршката дополнителна заштита на рибите во риболовните води, се концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер, може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов. Финансиската поддршка на овој повик се доделува по принцип прв дојден - прв услужен. Барањата за добивање на финансиската поддршка по двете мерки  се доставуваат во оригален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 02/2020 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта на адреса на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ир/сп/

Остани поврзан