Ашаданов повика 16 кошаркарките за дуелите од квалификациите за ЕП
- Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година
Скопје, 29.октомври 2025 (МИА) - Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.
Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 10. ноември (понеделник) со почеток во 19. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Во првиот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на домашен терен - против соодветните национални селекции на Данска и на Грција, и еден на гостински терен, против соодветната селекција на Хрватска.
Повикани кошаркарки: Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург-Швајцарија), Илина Селцова (Серко Уни Ѓер-Унгарија), Мерит Хемпе (Сарагоса-Шпанија), Александра Стојановска (Неа Јониа-Грција), Матеа Николиќ (Баскет Алкамо - Италија), Тијана Митрева (Баскет Алкамо - Италија), Милица Николиќ (Рас-Србија), Ања Начевска (Мега-Србија), Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011), Цветанка Димова (Баскет Кам 2011), Михаела Алексовска (Крива Паланка), Мартина Маркоска (Бадел 1862), Ива Чолакоска (Бадел 1862), Марија Николов (Бадел 1862), Елена Тасевска (Вардар) и Јана Пислевска (Вардар).
Кошаркарките на отворањето играат против Данска (12.ноември) на домашен терен, потоа на домашен терен е дуелот со Грција (15.ноември) и на крајот е гостувањето кај Хрватска (18.ноември). мн/
Фото: КФСМ