• понеделник, 23 декември 2024

Ахмети им го честиташе Божиќ на верниците од католичка вероисповед

Ахмети им го честиташе Божиќ на верниците од католичка вероисповед
Скопје, 25 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка за големиот Христијански празник - Божиќ да сите припадници на католичката вероисповед во земјава и до оние верници кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар. Во честитката, Ахмети на сите нив им посакува овој верски празник да го поминат што е можно поубаво, во друштво на најсаканите луѓе. - Преку овие празници ја продолжуваме албанската традиција на хармонија, толеранција, соживот и меѓуверска толеранција, ги славиме обележаните датуми заедно едни со други со цел да се грижиме за нашите најблагородни национални и верски вредности, се вели во четитката на Ахмети. По овој повод, Ахмети упатува покана до Светата Столица заедно со папата Франциско, да се покаже повеќе грижа за албанската католичка заедница во нашата земја. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан