• петок, 22 ноември 2024

Ахмети за можната интерпелација: Сигурно Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена

Ахмети за можната интерпелација: Сигурно Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена
Скопје, 23 ноември 2020 (МИА) - Нема загриженост за гласините дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели во интервју за ТВ 21 лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. - Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена, изјави Ахмети. Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “. Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата. аа/бак/

Остани поврзан