• недела, 12 мај 2024

АУ го поздрави Договорот за извоз на украинското жито

АУ го поздрави Договорот за извоз на украинското жито
Најроби, 23 јули 2022 (МИА) - Африканска Унија (АУ) го поздрави Договорот помеѓу Русија и Украина за деблокада на извозот на жито. - Договорот е одговор на посетата на претседателот на Сенегал и претседавач со АУ, Меки Сала и претседателот на Комисијата на АУ, Муса Факи на Москва, се наведува во соопштението на АУ. Претставниците на АУ на средбата со рускиот претседател Владимир Путин истакнаа дека африканските држави се „жртви“ на економската криза предизвикана од судирот во Украина. Русија и Украина вчера во Истанбул потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации, со што ќе се овозможи извоз на милиони тони украинско жито преку Црно Море, како и на руско жито и вештачко ѓубриво. ми/

Остани поврзан