• недела, 12 мај 2024

Ауди најави партнерство со Заубер

Ауди најави партнерство со Заубер
Берлин, 26 октомври 2022 (МИА) - Германскиот производител на автомобили Ауди го најави почетокот на соработката со Заубер, кој сега се натпреварува во Формула 1 под брендот Алфа Ромео. Ова е објавено на официјалната веб-страница на компанијата. Соработката ќе започне во 2026 година. Ауди ќе стане снабдувач на мотори за швајцарскиот тим. Забележано е дека првите тестови на погонската единица развиена за прописите од 2026 година на тест болид во Формула 1 се закажани за 2025 година. Алфа Ромео ќе ја прекине соработката со Заубер по сезоната 2023 година. Финецот Валтери Ботас и Кинезот Гуанју Џоу се пилотите на Алфа Ромео во сезоната 2022 година. По 19 трки, тимот се наоѓа на шестото место во поредокот за конструктори со 52 бода. зс/

Остани поврзан