• петок, 05 декември 2025

Асфалтиран локален пат во н.м Бучинци, општина Илинден

Асфалтиран локален пат во н.м Бучинци, општина Илинден

Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локален пат во населеното место Бучинци, информираат од Општина Илинден.

Во таа насока биле изведени градежни активности со кои се опфатила целосна реконструкција на локалниот пат во населеното место Бучинци, кој води до локалните гробишта, во должина од 520 метри.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, асфалтирањето на овој локален пат е реализација на едно од барањата на граѓаните од населено место Бучинци.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден. сст/са/

 

Фото Општина Илинден

Остани поврзан