Астон Мартин продава акции за 146 милиони долари, тимот е проценет на 3,2 милијарди долари
- Астон Мартин објави за претстојната продажба на удел во истоимениот тим во Формула 1.
Лондон, 31 јули 2025 (МИА) - Астон Мартин објави за претстојната продажба на удел во истоимениот тим во Формула 1.
Производителот на автомобили ќе продаде акции за 146 милиони долари на неименуван купувач. Договорот сè уште не е завршен.
Целиот тим е проценет на околу 3,2 милијарди долари.
Сумата значително се зголеми од минатата година, кога „HPS Investment“ и „Accel“ инвестираа во „Aston Martin“. Тогаш тимот беше проценет на 2,4 милијарди долари, објави сопственикот Лоренс Строл.
Во 2023 година, вредноста на тимот изнесуваше 1,3 милијарди долари). зс/
Фото: ЕПА