• понеделник, 06 јануари 2025

Артета за ремито со Брајтон: Потфрливме во второто полувреме

Артета за ремито со Брајтон: Потфрливме во второто полувреме

Лондон, 5 јануари 2025 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни што му недостасуваше на неговиот тим на натпреварот против Брајтон.

Арсенал синоќа одигра само 1:1 со Брајтон во 20. коло од Премиер лигата.

- Не доминиравме доволно за да ги создадеме вистинските шанси за гол и да претставуваме сериозна закана за противничката одбрана. Очигледно сакавме да го добиеме натпреварот, но беше тешко. И тие имаат многу добар тим. Почнавме добро, постигнавме прекрасен гол и ја контролиравме ситуацијата. Во вториот дел потфрливме. Кога играте на секои три дена или повеќе, не можете да го одржите истото ниво на игра и конкурентност. Сепак, денес не беше прашање на замор. Стануваше збор за едноставните работи што требаше да ги направиме, изјави Артета.

По овој „кикс“ Арсенал има 40 бода на второто место на табелата, пет помалку од лидерот Ливерпул кој има и два натпревара помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан