• недела, 22 декември 2024

Артета вознемирен поради лажните вести за трансфер во Барселона

Артета вознемирен поради лажните вести за трансфер во Барселона

Лондон, 29 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, рече денеска дека веста за негово наводно заминување во Барслона е лажна вест и додаде оти е вознемирен поради таквите наводи.

„Кој, јас? Не. Тоа во целост е лажна вест“, рече Артета во изјава за британските медиуми.

Неговата реакција доаѓа откако шпанскиот весник Спорт објави дека стратегт на Арсенал би можел да седне на клупата на Барселона на крајот на сезоната кога од клупата на каталонскиот клуб, како што најави, ќе замине Чави Ернандез.

„Навистина сум возменирен поради тоа што го прочитавте. Не можев да поверувам. Нема извор на веста“, посочи Артета кој има важечки договор со Арсенал до 2025 година. ег/ссм/

Остани поврзан