• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска и Стојкоски со жителите на Ѓорче Петров: Се детектираат проблемите за кои надлежен е градот

Арсовска и Стојкоски со жителите на Ѓорче Петров: Се детектираат проблемите за кои надлежен е градот
Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Ѓорче Петров денеска на средба со жителите на сите месни заедници во општината ги детектираа проблемите кои се присутни и треба да се решат. За средбите, Стојкоски и Арсовска посочија дека ќе станат пракса, со цел решавање на проблемите. -Со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, претставници на градските јавни претпријатија и претставници од урбаните и месни заедници од Ѓорче Петров на денешната средба во Центарот за култура ги детектиравме проблемите на моите сограѓани што се под ингеренции на Градот, со цел што поскоро решавање на истите, изјави Стојкоски. Тој посочи дека од страна на претставници на заедниците во Ѓорче Петров на Арсовска и службите им биле презентирани проблеми со акцент на градските улици, нивно уредување или пробивање, осветлувањето, водоснабдувањето, уличните кучиња, проблеми со броевите на куќите и друго. -Со градоначалничката се согласивме вакви координативни средби со Градот да станат пракса во иднина. Целта е да поставиме соодветни проекции и насоки, да се соочиме со предизвиците и активно да работиме на подобрување на секојдневието на граѓаните, вели Стојкоски. Предлозите на граѓаните ќе бидат ставени на разгледување. Вложуваме, дополни тој, максимални напори за што повеќе затворени прашања во иднина. -Месните и урбаните заедници во Ѓорче Петров се нефункционални во последните години што е одраз на несериозен пристап од страна на претходното локално раководство. Но, тоа е состојба која ја оставаме зад нас. Планиран е наскоро нов избор на раководни лица со што овие простории ќе станат филтер на информации и конечно ќе бидат во функција на граѓаните, нагласи Стојкоски.ир/лв/

Остани поврзан