• недела, 22 декември 2024

Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе

Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид во изградбата на новата фекална канализација на улицата „Софиска“ во населбата Тафталиџе во Општина Карпош. - Реализираме проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во Општина Карпош, а истовремено решаваме долгогодишни проблеми на околните жители со инфраструктурата во овој дел на градотНа улицата „Софиска“ во  населбата Тафталиџе изградена е нова линија по самата улица, а се интервенираше и на постоечкиот систем во оваа населба со цел подобрување на досегашниот начин на одведување на отпадните води, рече Арсовска. Новата линија за одведување на отпадните води со вкупна должина од  410 метри, се приклучи на постоечката фекална канализација на улицата Московска со дијаметар од 400мм. - Изградбата на нова фекална канализација во Тафталиџе е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација, чија реализација е завршена во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје, истакна Перински. сх/дма/

Остани поврзан