Арсенал прв тим со постигнати седум голови на гости во плејофот од ЛШ
- Арсенал синоќа го совлада ПСВ Ајндховен со 7:1 на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Ајндховен, 5 март 2025 (МИА) - Арсенал синоќа го совлада ПСВ Ајндховен со 7:1 на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.
„Топчиите“ станаа првиот тим во историјата на турнирот кој постигнал седум гола на гостински натпревар во плејоф фазата.
Реваншот ќе се одигра на 12 март на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Резултати на другите синоќешни средби од плејофот во елитното фудбалско натпреварување:
Клуб Бриж – Астон вила 1:3
Борусија Дортмунд – Лил 1:1
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 2:1. зс/
Фото: ЕПА