• петок, 05 декември 2025

Аргентинецот Гонзалес нов фудбалер на Атлетико

Аргентинецот Гонзалес нов фудбалер на Атлетико

 

Мадрид, 1 септември 2025 (МИА) – Аргентинецот Николас Гонзалез (27) е нов фудбалер на Атлетико Мадрид, објави вечерва шпанскиот гигант.

Според италијанските медиуми, Гонзалез доаѓа во Атлетико од Јувентус на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот за 34 милиони евра.

Аргентинскиот фудбалер го напушти клубот од Торино по само една сезона во која имаше 38 настапи.

За аргентинската репрезентација досега собра 41 настап, освојувајќи две титули во Копа Америка (2021, 2024).

Гонзалез се најде и на списокот фудбалери за Светското првенство во 2022 година, кое го освои Аргентина, но беше отстранет три денови пред почетокот на турнирот поради повреда.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан