Арбер Адеми нов координатор на пратеничката група на ДУИ
- Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција.

Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција.
Како што потврдија за МИА извори од ДУИ, Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Извори од ДУИ велат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Арбер Адеми е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања. ац/