• среда, 03 јули 2024

Арапската сонда „Надеж“ се приближува до Марс

Арапската сонда „Надеж“ се приближува до Марс
Абу Даби, 9 февруари 2021 (МИА) - Сондата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска треба да влезе во орбитата на Марс, како дел од првата арапска вселенска мисија. Оваа фаза се смета и за најкритична. Сондата „Надеж“ беше лансирана во јули 2020 година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на истрагата е да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секоја сезона. Кинеската сонда е, исто така, близу Марс и се очекува утре да стигне до „Црвената планета“. Леталото во овој случај ќе кружи околу Марс додека роверот не се оддели и се обиде да слета на неговата површина, во мај, заради примероци за истражувања. Предвидено е и американскиот ровер „Упорност“ да слета на Марс на 18 февруари. Околу 60 насто од мисиите на Марс досега беа неуспешни, што сведочи за сложеноста на меѓупланетарното патување, но и за тешкотиите на леталата да се спуштат низ тенката атмосфера на Марс.  си/сд/

Остани поврзан