• недела, 22 декември 2024

Аракчи: Иран нема да се ограничува кога е во прашање одбраната на земјата

Аракчи: Иран нема да се ограничува кога е во прашање одбраната на земјата

Техеран, 26 октомври 2024 (МИА) - Техеран нема да се ограничува кога станува збор за одбрана на интересите, територијалниот интегритет и народот на Иран, изјави денеска министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, гаѓани се 20 цели во таа земја.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

Скај Њуз Арабија претходно, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Иран го известил Израел преку странски посредник дека нема да реагира на синоќешните израелски напади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан