• четврток, 12 декември 2024

Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) – Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење.

Од Апелација за МИА, потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд. 

- Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење, информираат од Апелација. 

Посочуваат дека одлуката веќе е анонимизирана и ќе биде јавно објавена на страницата на судот. 

За случајот, кој се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“, Кривичниот суд Скопје во март годинава, изрече една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице. аа/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан