Анчелоти по ремито со Лас Палмас: Не смееме да бараме изговори
- Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим не смее да бара изговори по ремито со Лас Палмас и додаде дека мадридскиот клуб ќе мора да ја подобри својата игра во преостанатиот дел од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Мадрид, 30 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим не смее да бара изговори по ремито со Лас Палмас и додаде дека мадридскиот клуб ќе мора да ја подобри својата игра во преостанатиот дел од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Фудбалерите на Лас Палмас и Реал Мадрид синоќа одиграа без победник 1:1 во натпреварот од третото коло на шпанската Ла Лига.
Реал моментално е петти во шпанската лига со пет бода.
-Не смееме да бараме изговори. Распоредот е густ и се свртуваме кон следниот натпревар, кој е веќе во недела. Треба да имаме појасна стратегија. Ова не чини повеќе отколку што мислиме. Мораме да работиме и да се концентрираме на она што го сакам, рече Анчелоти. дс
Фото: Архива