Анчелоти: Натпреварот со Аталанта ќе биде еден од најтешките на Реал во последно време
- Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта.

Бергамо, 10 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта.
- Тие играат многу добро. Се наоѓаат во извонредна форма. Тимот располага со многу ентузијазам, но ние сме решени да ги освоиме бодовите и да ги искористиме преостанатите натпревари за поволни резултати. Белингем повторно постигна гол на претходниот натпревар, што е многу важно за него и за нас. Секогаш придонесува, дури и да не постигне гол. Имам целосна доверба во мојот тим. Во последно време работите се подобруваат. Сметаме дека овој натпревар е еден од најтешките во последно време, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на УЕФА.
Натпреварот Аталанта - Реал Мадрид ќе се игра вечер од 21 часот во Бергамо.
По пет кола во елитното фудбалско натпреварување Реал е на 24. место со шест бода, Аталанта е петта со 11 бодови. зс/
Фото: ЕПА