• недела, 22 декември 2024

Антовски: Уредбата за прогласување на кризна состојба - начин за покривање на загубите на ЕЛЕМ и МЕПСО

Антовски: Уредбата за прогласување на кризна состојба - начин за покривање на загубите на ЕЛЕМ и МЕПСО
Скопје, 10 ноември 2021 Конечно експертите по енергетика од СДСМ на нашата земја ставени на едно исто место во така наречена Комисија за следењена состојбите во снабдувањето со електрична енергија, дадоа предлог за прогласување на кризна состојба, на што Владата веднаш се одзва и прифати. Од вчера имаме кризна состојба, ама само едно е различно во периодот пред тоа и по прогласувањето на кризната состојба: македонскиот народ е посиромашен за 4 милијарди денари, кои поради т.н.„кризна состојба“  ќе се испумпаат од буџетот и ќе се префрлат насметката на АД ЕЛЕМ ( ЕСМ) и АД МЕПСО, за да можат и во иднина вака неуспешно да работат на нашиот грб. Со 4 милијарди денари се гради половина блок во РЕК Битола, или пак се гради било каков енергетски објект кој во моментов добро ќе ни дојдеше. Но, за жал СДСМ одбра да го реши проблемот со недостаток на струја од домашно производство  на наједноставен начин за нив. Имено, тоа е најдобро познатиот метод за нив:да го ограбува напатениот македонски народ. Да потсетиме,  партиските вработувања во МЕПСО и кожните фотељи ги плаќавме ние обичните граѓани. Камионите во РЕК Битола на фирми блиски до власта кои овие 5 години вртат низ комбинатот повторно  ги плаќаме ние граѓаните на Македонија. Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои доаѓа до дефекти на блоковите од огромни размери исто така е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на Македонија. Да не заборавиме дека сето ова ни се случува поради криминалците од Власта на Заев кои наместо да одговараат за несовесното работење на енергетските компании, сега се наградени со 4 милијарди денари од буџетот на Македонија за да може да бидат ликвидни и да набавуваат струја од увоз која во моментов е 4 пати поскапа од домашното производство. Но, за жал ние домашно производство немаме, токму поради нестручното и недомаќинско работење на СДСМ и нивните раководни кадри во ЕЛЕМ и МЕПСО.Најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола во сред енергетска криза работи само со половина блок, од три блока. Има јаглен само за два дена, а акумулациите се доведени во состојба да задоволат само еден ден производство на струја. Додека соседните земји се добро организирани и имаат домашно производство на струја, Македонија е  оставена на милост и немилост во рацете на криминалците во власта на Заев. Соседна Бугарија доби попуст на цената на гасот од Газпром од 33 % во ноември, поради дополнителните количества природен гас што ги обезбедува „Газпром експорт“. За разлика од соседите, Македонија нема ниту гас, ниту пак доволно домашно производство на електрична енергија,  па затоа се трошат огромни суми народни пари за увоз на електрична енергија, под превезот на Одлуката на владата да прогласи ризна состојба во траење од 30 дена. Како завршница на сето ова, повторно по грбот на граѓаните ќе следи и зголемување на цената на електричната енергија за што веќе наголемо се размислува. Одговорност за ваквото недомаќинско управување мора да има! Прес-конференција на Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан