• недела, 22 декември 2024

Антикорупциска констатираше судир на интереси кај поранешен в.д. медицински директор поради вработувaње на неговата снаа

Антикорупциска констатираше судир на интереси кај поранешен в.д. медицински директор поради вработувaње на неговата снаа

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело.

На седницата на Антикорупциска беше посочено дека тој за време на извршувањето на функцијата в.д. директор на јавна здравствена установа, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син.

- На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. директор се нашол во состојба за судир на интереси и го прекршил Законот за заштита од корупција и судир на интереси. Тој за оваа постапка платил прекршочна глоба, по што бил разрешен од Министерството за здравство, истакнаа од ДКСК на денешната 11. седница. нд/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан