Анкета: Зедер има поголема поддршка од Лашет
- Додека се чека одлуката за заеднички кандидат на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) за канцелар на претстојните избори во Германија, резултатите од

Берлин, 16 април 2021 (МИА) - Додека се чека одлуката за заеднички кандидат на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) за канцелар на претстојните избори во Германија, резултатите од анкетата на телевизијата АРД покажуваат предност на Маркус Зедер.
Дојче веле наведува дека првпат од 2005 година Унијата на двете сестрински партии ЦДУ и СЦУ мора да изберат кандидат за канцелар, откако 16 години Ангела Меркел беше неприкосновена.
Кандидати се Армин Лашет, лидерот на ЦДУ и премиер на најбројната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и лидерот на СЦУ и премиер на Баварија, Зедер.
Ако Унијата сериозно ги сфаќа сопствените правила да оди во предизборна кампања со тој кандидат кој има најголеми шанси за победа, тогаш работата е јасна – кандидат е Маркус Зедер, истакнува Дојче веле.
Според анкетата на АРД, 44 отсто од граѓаните на Германија и 72 проценти од гласачите на Унијата се за Зедер, додека за Лашет се изјасниле 15 отсто од испитаниците и 17 проценти од приврзаниците на Унијата.
Додека 33 отсто од испитаниците оцениле дека ниту Зедер ниту Лашет не се соодветен кандидат кој био ги предводел дбете партии во предизборната кампања.
Зедер и Лашет изјавија дека ќе изнајдат заедничко решение до крајот на неделата односно кој од нив ќе биде кандидат за канцелар на федералните парламентарни избори на 26 септември. ми/