Андреева: До ОИК – Штип пристигнаа пет кандидатури за градоначалник
- Официјално до Општинската изборна комисија се пристигнати пет кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција
Штип, 8 nоември 2020 (МИА) - Официјално до Општинската изборна комисија се пристигнати пет кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција рече дека кандидатите и политичките партии ги имаат доставено сите документи.
-Од СДСМ доктор Сашко Николов, група избирачи Трајче Митев, ТМРО Лазар Наумов, коалиција „Иднина во нашите раце“ Гоце Ангелов и Интегра Македонска конзервативна партија Симон Поликарп. Тие кандидатури ги добивме во дадениот рок. Сега наша задача во рок од 24 часа, според изборниот законик треба да видиме кои кандидатури се според законот и доколку има мали технички недстатоци да ги вратиме на дополнување и потоа даваме решенија за потврда, вели Андреева.
Досега до Општинската изборна комисија се пристигнати барања од десеттина членови на избирачките одбори за нивно изземање, поради пензионирање, заминување во странство или боледување.
Андреева, вели кампањата, за политичките партии и независните кандидати за избор на градоначалник на Општина Штип официјално почнува на 23 ноември. Бројот на избирачи, кои ќе имаат право да гласаат на овие избори ќе се знае неколку дена пред изборите, односно, кога пристигнуваат гласачките ливчиња и останатиот доверлив материјал.
Првиот изборен круг е на 13 декември, а вториот е предвиде на 27 декември. вдј/аа/