• понеделник, 23 декември 2024

Андоновски: Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската Влада

Андоновски: Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската Влада
Скопје, 10 јануари 2021 Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста. Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската влада. Заев, Димитров и Османи знаат, но се кријат од јавноста. Срамно е да дознаваме од Бугарија дека Владата во ек на празници се уште преговара со Бугарија за нови отворени прашања. Вчера, од телевизиско интервју на министер од бугарската Влада се потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет. За овој Анекс предупредувавме пред три месеци. Како што се гледа во видеото дел од барањата за македонската Влада се образовна реформа, ретуширање на историјата, односот кон малцинствата, македонската историја. Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса. Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии. Срамота е реалноста да се крие од граѓаните и да се прави лажен привид дека сите прашања се затворени. Јавноста заслужува да знае. Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста? До каде е подготвена Владата да ги прифаќа предизборните барања на Бугарија? Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја? Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања? Пред три месеци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја. Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини. Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка. А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ. Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.   https://www.youtube.com/watch?v=2qTq1zVE8Ho&feature=youtu.be

Остани поврзан