• недела, 22 декември 2024

Андоновски: На Платформата за интероперабилност приклучени 30 институции, податоците се поразителни

Андоновски: На Платформата за интероперабилност приклучени 30 институции, податоците се поразителни

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека на Платформата за интероперабилност се приклучени само 30 институции. Како што нагласи, надградбата која е во тек се прави не само за полесен и поевтин пристап, туку и за ниту една институција да нема алиби дека не може да се приклучи или правилно да ја користи Платформата.

Според министерот, податоците се поразителни, а за споредба наведе дека двете приватни фирми приклучени на Платформата користат 90 отсто од сегашниот сообраќај.

-Почна надградбата на Платформата што ќе гарантира полесно приклучување на нови институции и поевтин пристап, побрза и полесна размена на податоци, како и поголема заштита на Платформата. Но, тоа ќе биде бескорисно и непотребно ако останеме на бројката од 30 институции кои се приклучени и активно ја користат. Двете приватни фирми приклучени на Платформата користат 90 отсто од сегашниот сообраќај на Платформата. Овие податоци се поразителни. Затоа ја правиме надградбата, за да не постои алиби од ниту една институција дека не може да се приклучи или правилно да ја користи Платформата, истакна Андоновски во обрачањето по повод „Деновите на Централен регистар“.

Министерот го пофали Централниот регистар кој е вклучен на Платфромата, дека е една од институциите кои даваат вистински пример за успешна дигитална трансформација во јавниот сектор. мч/ац/

фото/видео: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан