• петок, 22 ноември 2024

Андоновски, Деребан и Зеколи Шаќири положија цвеќе по повод Денот на Армијата

Андоновски, Деребан и Зеколи Шаќири положија цвеќе по повод Денот на Армијата

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со заменик министерот за правда, Ален Деребан и  Калтрина Зеколи Шаќири заменик министер за транспорт, денеска положија цвеќе по повод денот на Армијата пред споменикот на борците на Народноослободителната војска на Македонија.

Како што соопштија од Кабинетот на министерот за дигитална трансформација Андоновски, Деребан и Зеколи Шаќири цвеќе положија и пред вечните почивалишта на загинатиот Претседател Борис Трајковски, поранешниот Претседател Киро Клигоров  и командантот Генерал Михајло Апостолски. вг/дма/

Фото: Министерство за дигитална трансформација

 

Остани поврзан