• четврток, 19 декември 2024

Ангелоски: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

Ангелоски: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Да се забрза процесот на декарбонизација, а активностите поврзани со него да имаат континуитет иако вниманието на светската јавност моментно е насочено кон пандемијата, економската криза и воениот конфликт во Украина, е пораката од промоцијата на асоцијацијата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ што се одржа во Војводина, на која учествуваа и претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, како и потпретседателот Орце Симов. Учеството беше дел од посетата на Ангелоски и Симов на Покраинската влада на Војводина. - Климатските промени силно ги допираат сите сегменти на општеството, тие не познаваат граници и не дозволуваат одложување на преземање на мерки. Мора силно да влијаеме на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и на справување со климатските промени. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација, рече Ангелоски. На настанот се обратија и претседателот на Покраинската влада на Војводина Игор Мировиќ и покраинските секретари за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ и за европска интеграција и меѓународна соработка Златан Клокиќ, како и членови на органите на управување на „Зелен навигатор“. Беше истакнато дека цената што се плаќа од почетокот на индустриската револуција до денес е многу висока, а тоа се одразува во континуираниот раст на штетните гасови и глобалното затоплување и затоа е многу важно да се забрза декарбонизацијата на економијата. Беше изразено и очекување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од стопанството, стопанствениците и меѓународните финансиски институции. Целта на делувањето на „Зелен навигатор“ е и да се поттикнат државните институции да ги усогласат своите политики, за да може да се влијае на намалувањето на штетните гасови и на дигитализацијата на индустрискиот сектор, да се инвестира во обновливите извори на енергија и земјоделството, како и се друго што ќе придонесе за забавување климатските промени и нивното негативно. Во март годинава се одржа основачкото собрание на „Зелен навигатор“ кога претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор. „Зелен навигатор“ функционира со поддршка на Развојниот и Гаранциски фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска, а се формираше на иницијатива на претседателот на Покраинската влада на Војводина, Игор Мировиќ. мч/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан