• петок, 05 декември 2025

Ангелов: Пожарот на „Дрисла“ не е алармантен, но гасењето е сложен процес поради запалливи гасови

Ангелов: Пожарот на „Дрисла“ не е алармантен, но гасењето е сложен процес поради запалливи гасови

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - Пожарот што попладнево избувнал во депонијата „Дрисла“ не е алармантен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој извести за пожарот. 

-Не е алармантен. Бригадата за противпожарна заштита на Скопје работи на негово гаснење. Гасењето пожар на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови, посочи Ангелов. хс/ ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан