• петок, 05 декември 2025

Ангелов во Словенија на "СОБРА 2025"

Ангелов во Словенија на

Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - На покана на Леон Бехин, генерален директор на Управата за цивилна заштита и справување со катастрофи при словенечкото Министерство за одбрана, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска и утре е во работна посета на Интернационалниот саем за одбрана, безбедност, заштита и спасување "СОБРА 2025" во Горња Радгона, Словенија.

Како што соопшти ДЗС, за време на Саемот Ангелов, кој е придружуван од советникот Дејан Спасевски, ќе одржи серија средби на кои ќе бидат разменети искуства и знаења, а ќе има и можност да ги разгледа најновите технологии и иновации од овие области.

-На воведниот состанок Ангелов не ја пропушти приликата уште еднаш да се заблагодари за помошта од словенечките пожарникари при справувањето со шумските пожари во Македонија во 2021 и 2025 година, стои во соопштението. вг/

Фото: ДЗС

Остани поврзан